СЕ ЗАЦВРСТУВА 5 ЈУНИ: ДУИ ја напушти Владата, избори мора да има
  Објавено на
share

По соопштението на ДУИ и објавата за излегување од Владата, дел од високите партиски функционери официјално не сакаат да ги коментираат причините, но неофицијално велат дека објавувањето на приватни телефонски разговори во кои се посочуваат дел од нивните високи функционери е една од причините.

Според Уставот на РМ, доколку премиерот предложи промена на најмалку една третина членови од Владата, Собранието одлучува како за избор на нова Влада, за што практично нема време со оглед на предвидениот датум за распуштање на законодавниот дом, а кој истекува во четврток на 7 април.

За да не се остави простор за одново манипулирање со датумот на избори, кој е закажан за 5 јуни, ДУИ доцна вечерва донесе одлука сите нејзини министри да ја напуштат Владата што ја раководи Емил Димитриев. Веста ја потврди пратеникот Артан Груби, кој информацијата ја сподели на неговиот профил на „Фејсбук".

„Партијата го реафирмираше статутарното право и го овласти лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да одлучува за натамошните постапки на ДУИ. Во следните неколку дена ДУИ ќе ги извести меѓународната заедница и локалните власти за промените во нејзината политика", напиша Груби.

Приватните снимки ја прелиле чашата кај ДУИ па затоа излегуваат од владата

По соопштението на ДУИ и објавата за излегување од Владата, дел од високите партиски функционери официјално не сакаат да ги коментираат причините, но неофицијално велат дека објавувањето на приватни телефонски разговори во кои се посочуваат дел од нивните високи функционери е една од причините.

„Не може Пржинскиот договор да важи само за ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, а не и за нас" изјави за 24 вести висок партиски функционер од ДУИ.

Истиот функционер тврди дека ова постапка не го става воопшто во прашање учеството на ДУИ на изборите, кои вели ќе бидат сигурно на 5 јуни.

Претседателството го овластило лидерот Ахмети да одлучи за идните чекори на партијата. ДУИ ја информира меѓународната и домашната заедница дека во наредните денови ќе ги преиспита и своите политики, но од партијата на Ахмети велат дека во тоа не спаѓа и одлуката за излегување од извршната власт.

Што вели Уставот?

 

ДУИ во Владата има девет министри, а тоа е повеќе од една третина од членовите на Владата која брои 26 министри вклучувајќи го и премиерот.

Според Уставот на РМ, доколку премиерот предложи промена на најмалку една третина членови од Владата, Собранието одлучува како за избор на нова Влада, за што практично нема време со оглед на предвидениот датум за распуштање на законодавниот дом, а кој истекува во четврток на 7 април. Без Парламент и без влада, едноставно, избори во земјава мора да се одржат.

Според последниот договор, датумот е петти јуни.

Од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, засега немаат коментар.




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани