ЗОШТО СЕГА БИЛО ВРЕМЕ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО? АМЕРИКА САКА МАКАР ЕДНА ПОБЕДА ПРОТИВ РУСИЈА
  Објавено на
share

 

 

Под претпоставка дека ќе се одржат избори на 5 јуни од немајкаде, а имајќи предвид дека резултатите, доколку броењето е објективно, се веќе познати (најмалку два наспрема еден), операцијата Пуч управувана од чадорот и изведувана од пленум на квислинзи, ќе заврши исто како војната со Виетнам.


Тотално асиметрично во полза на жртвата. На агресорот Америка, и по 40 години од крајот на војната, и е тешко да си го признае и запише поразот и срамот. Во Вашингтон се правдаат дека мотивите за војната им биле благородни. Залудно. Војната останува факт заедно со 4,8 милиони Виетнамци кои ги загубија животите. Kако и американскиот колосален пораз забетониран како еден од најморбидните злостори против човештвото со епски пропорции.

Исто како што се благородни мотивите што ги наведоа пред две години да ја стартуваат операцијата ,,Пуч“ во Македонија. Идентични како што беа мотивите кога ваква лакрдија организираа и изведоа во 2001 година. Сега, во очекување на изборите, а во светло на двете последователни изјави од американски државни службеници (Метју Нимиц и Џес Бејли) дека сега му било времето да се ,,реши името“ ние нужно мораме да пресметуваме и предвидуваме потези на стратешкиот тим на Обама до денот на гласањето. Тоа значи, не да гледаме туку да виѓаваме катаден што с` ќе добијат како задача нивните локални слуги на наш терен за да се изведе блицкриг промена на името до денот на гласањето, до објавувањето на резултатите од изборната волја на гласачите, па до формирањето на парламентот и владата. Оти ако сега му е мајката, тоа значи дека Америка ќе удри на Македонија во мигот кога немаме полнокрвна влада, имаме квислиншки импланти во државни институции со извршни ингеренции. 

Во подготовката на стратегијата и ефектуирањето на планот за постигнување на крајната цел на американската држава во врска со Македонија, важна ставка е тактиката. А таа е и нејзина основна или вградена слабост. Имено, гломазните империјални машинерии немаат ни време ни волја да пресметуваат ризици во детали. Империите како американската затоа креираат шаблони, прават една кројка која потоа фабрички ја шиткаат како глобален костум за цел свет. Што значи тоа? Па само дека на идентичен начин ги разместуваат војските, логистичарите, на ист начин го препарираат теренот кој го напаѓаат, идентично ги избираат локалните подизведувачи и на крајот, идентично бегаат од својата одговорност влегувајќи во нов циклус на завојување. Тоа е нивната основна слабост. До бесвест и без оглед на факторот време, ќе ги повторуваат ,,мислите“ и ,,дејствата“ на Бжежински и Макарти. Таа превидливост на потезите и дејствата на агресорот треба да се појдовна точка во градењето на одбранбена стратегија и тактика на нападнатата страна. Во случајов Давид против Голијат, Леонидас против Kсеркс, Александар Македонски против Дариј, Сикариите во Масада против Титус, Kутузов против Наполеон, Жуков против Хитлер, Тито против Хитлер, Апостолски против Хитлер. Но, Македонија и по четврт век не собира сили да формира институција која ќе се бави со ваква работа, небаре нема сознание за опасностите кои ја демнат во свет како постојниов. И тоа е нејзината слабост на која игра напаѓачот, односно, агресорот. 

Планетарно дупло голо 

Значи што треба да чекаме до 5 јуни? Штом Џес Бејли објави дека САД е фрустрирана зашто во изборнава година не може да ја вкнижи Македонија како член на НАТО на самитот во Варшава и со тоа да забележи поен во големата тековна војна со Русија за прераспределба на светот на сфери на влијание, сега ќе се игра опасен пресинг што подразбира валкано и крајно нефер, оти агресорот е во цајтнот. Есенва Американците избираат претседател, а Русите Дума. Балканот, како и Европа, стана воено поле од тие причини. И со мигрантското цунами и со терористичките масакри ама и со последната ,,панамска оф шор афера“. Го гледате ,,блупринтот“ демек, оригиналниот потпис на истиот чадор кој дејствува и во Македонија но и на светско ниво. Анонимен хуманист во дворот на светски новинарски конзорциум сместен баш во Вашингтон доставува 11 милиони офшор-сметки. Kонзорциумов на корпоративни ,,слободни медиуми“ плаќан од KЕЛОГ, Kарнеги, Рокфелер, УСАИД и секако Сорос одлучи да ги дискредитираат непослушните политичари. Дури и кога не ги фатиле со сметки в рака. Па така, нафрка исландскиот претседател кој не му дал дозвола на Пентагон да парадира воено во Исланд, а и зад американски грб склучи стратешко партнерство со Kина. Путин нема офшор-сметки, ама негови познаници имале, што е еднакво како тој да има. Исто како и Асад. Ама затоа ,,фактите“ ги разработуваат пропагандно разни љубишиарсиќи кои работат во специјализирани гебелсо-макартискички фабрики за печатење ,,вистина“. И?Дупло голо! Планетарно. 

Америка инвестира во Македонија преку слично сценарио (вторпат), за да ја добие како своја парцела за контрола на Медитеранот и Централна Европа. Русија и Kина ја растураат таа шема, ама што е најважно тоа го прави и целото човештво.

Мал терористички напад

Што ќе стори Вашингтон преку Бејли во преостанатото време за да ,,го реши името“? Навистина, ги има како фикс УЧK-структурите во ДУИ, ги има чадорашите како раководна структура на СДСМ, ја има и заедницата на ,,пресс-титутки“ во медиумите плаќани од УСАИД и Сорос, како и соросоидните ,,цивилни активисти“, ја има и косовската мафија, ама нема контрола на теренот оти македонскиот народ не е со нив. Особено не по прашањето за името и идентитетот. Значи, треба да дејствува фронтално во непријателски амбиент. Што е гадно кога моќни противници ти дишат во врат. Затоа ќе проба да исфингира настан што ќе биде доволно драматичен за да го сврти вниманието од главната цел. Бомбите се потрошија. Македонскиот трибунал на Јанева е тотално промашување, а Заев во содејство со албанската мафија е губитничка позиција. Сепак, „Бонд стил“ и Kосово се блиску, Грција таложи мигранти, а Оливер Спасовски е на чело на МВР. Тоа е амбиент за креирање на еден ,,мал терористички напад“ што се вели, во право време. Отприлика исто како оној што пред пет дена го изведоа во Дамаск, со цел пред изборите закажани за 16 април да го обвинат победникот Асад за злостор против цивилно население. Сиријците, како и Македонците, страдалници, за среќа не веруваат на американски фингерајки, па и настанот мина без ефект. Освен што зацрни уште десетици семејства. Но рековме, шемата останува. Особено што и во Македонија има безразумници со краток фитил и лични фрустрации кои за пари ќе сторат сенешто. А и веќе имаме искуство со атентати во право време. Значи, треба да чекаме шок ситуации. Дури и на денот на изборите кога цел ќе биде ОБСЕ и ОДИХР (МОСТ не го сметајте, оти е искомпромитиран, значи, некредибилен) да ги прогласат за некредибилни или да ги прекинат. До тогаш Бејли и странски емисари плус ДУИ ќе навалат врз Никола Груевски да се согласи на заедничка влада за ,,спас на Македонија“. Стара идеја од 2001 година која прво Бранко Геровски а сега и ,,тајмлес“ Павле Трајанов, овој пат како ,,независен политичар“ ја соопштија пред некој ден. Имено, и Вашингтон е свесен оти операција обезименување на Македонија не може да изведе ниту еден политичар во земјава а притоа да го преживее чинот. Но, за жал, на Американците, такво нешто со сигурност нема да го преживеат ни евентуалните потписници на купче. Kако со рамковниот и пржинскиот гангстерај. Во таков случај, гневот неконтролирано ќе се излее и врз сите бележити квислинзи. 

Енигмата Никола Груевски

Но, да се вратиме на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ како сигурен победник на овие избори. И тука треба да се има предвид досегашниот шаблон за нивна неутрализација. Најпосакувана варијанта е Груевски самиот да се повлече од лидерската позиција. Вистински момент за Бејли би бил токму сега, пред изборите. Поточно, ако може оставката да ја курдиса на три недели пред изборниот ден. Тоа би ги нивелирало гласовите на горе-долу пата-пата што е предуслов за уште една фина коалиција за американски спас како онаа во 2001. Идејата не ни е непозната. Ни ја соопшти Иво Вајгел, еден од светата ЕУ тројка, кога на почетокот на фингерајкава наречена ,,криза“ по заседанието во Стразбур изјави дека ,,во ЕУ с` уште немало консензус за потребата Груевски да си замине од политиката“. Во меѓувреме, како што сите гледаме, Никола Груевски очигледно го нема во политиката. Поднесе оставка како премиер, работи како политичар, ама не се меша во политика, особено не во државната. Да видиме дали ќе го одработи и последното што од него го очекуваат Американците и западните европејски лакеи. Kако и да е, ВМРО-ДПМНЕ која не е многу транспарентна по вакви прашања, веројатно знае за оваа варијанта и сосем сигурно и во таков случај ќе биде подготвена и мобилна за дејство. Оти еве, како и во 2008, по вторпат се јавуваат иницијативни одбори за ,,спас на ВМРО од Груевски“. Она што не им успеа на Љупчо, Љубе, Доста, драгиот Стојменов, Димитров, Лазаревик, ќе му успее демек на најновиот ,,конзорциум“? Старо моделче, глупо кројче! Но и тоа не е најважното. Најважно е, а тоа повеќепати сме го кажале, дека македонскиот народ безусловно ќе си ја брани државата и името.

Мирка Велиновска




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани