А ВМРО-ДПМНЕ НА 5 ЈУНИ БИ ГЛАСАЛЕ 39,2 ОТСТО, ЗА СДСМ 14,9 ОТСТО
  Објавено на
share

 

Водство на владејачката ВМРО-ДПМНЕ пред опозицискиот СДСМ покажуваат резултатите од анкетата на институтот "Димитрија Чуповски". На прашањето "За која партија би гласале на изборите на 5 јуни", за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 39,2 отсто, а СДСМ 14, 9 проценти од анкетираните.

Според резултатите на анкетата, на прашањето "На кој од македонските политичари му верувате најмногу?", 39,5 отсто му веруваат на Никола Груевски, а 7,3 отсто на Зоран Заев. На ниту еден не му веруваат 15,4 отсто од анкетираните, на некој друг 4, 2, а со "не знам" одговараат 27,4 отсто. Како опции се дадени и Стевчо Јакимовски, кому му веруваат 2, 2 отсто од анкетираните, Радмила Шеќеринска со 0,4 и Бранко Црвенковски со 3,6 отсто. 

Од понудените две опции кои се однесуваат на Специјалното јавно обвинителство, 60,1 отсто од граѓаните сметаат дека "Катица Јанева работи по налог на одредени домашни или странски фактори, со цел да $ наштети на ВМРО-ДПМНЕ", а 20,4 отсто сметаат дека таа работи "независно и професионално". 19,5 одговараат со "не знам".

Анкетата на институтот "Димитрија Чуповски" е спроведена меѓу 30 март и 2 април 2016 година преку телефон, врз 1.275 испитаници, а има цел да ги дознае ставовите на граѓаните за повеќе актуелни прашања во политичкиот живот во Република Македонија. Истражувањето е спроведено на ниво на Република Македонија, во сите шест изборни единици, со вклучување на повеќе демографски карактеристики на населението, како пол и возраст, како и рурални и урбани места на живеење. 

РАМКА
Крајната цел на САД и на ЕУ е притисок за промена на уставното име

На прашањето "Што сметате дека е поверојатно да биде крајната цел на САД и на ЕУ во однос на политичката криза во Македонија", анкетата нуди три опции. 63, 8 отсто од анкетираните сметаат дека крајната цел е "притисок за промена на уставното име", 22,2 отсто "демократизацијата и владеењето на правото", а 14 проценти велат "не знам".




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани