КРВАВИ И НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ НА СДСМ: Хулиганите на Заев и СОРОС дивеат и кршат низ Скопје
  Објавено на
share
 


Хулиганите кои во организација на СДСМ и СОРОС протестираат низ Скопје направија вистински хаос. Тие насилно се однесуваат, кршат се пред себе и дивеат низ улиците.
Иако се десет пати помалку на број од граѓаните кои го поддржаа Граѓанското движење за одбрана на Македонија мирно го изразија револтот против аболицијата на Зоран Заев и Зоран Верушевски, опозициските демонстранти со насилство, кршење и демолирање го покажаа своето вистинско лице.
 
Тие, организирани и поттикнати од оние кои јавно најавуваат крв на улици и украинско сценарио, како Заев и Верушевски, кршеа се пред себе. Насилно влегоа во Народната канцеларија на претседателот Ѓорѓе Иванов, демолираа автобуси, нападнаа полициски службеници.
nasilno-demonstranti
nasilni-2demonstranti
Дежурните соросови демонстранти, истите лица кои протестираат постојано во име на СДСМ, со насилство и дивеење покажаа дека немаат искрени намери и дека протестираат за нечии цели.
nasilni-3demonstranti
nasilni-4demonstranti
Од друга страна, поддржувачите на ГДОМ на мирен и достоинствен начин денеска го изразија својот револт, онака како што доликува, со љубов кон татковината, луѓе кои си ја сакат сопствената земја.
dron
Македонија е демократска земја и на МИРЕН протест може да излезе кој сака. Вечерва едната група масовно излезе со свои барања и изјави, а друга покажа дека идејата на Заев и Верушевски за граѓанска војна и украинско сценарио се единственото нешто кое сакаат да го исполнат.
Новинарот на опозициската 24 Вести, кој е дел од сите јавни собири и протести на СДСМ, Огнен Јанески, со насилството на овие протести, се пофали и на социјалните мрежи.
 

преземено од пресс24




КОМЕНТАРИ




Copyright Jadi Burek © 2013 - сите права се задржани